Институтот за македонска литература, основното училиште „Кирил и Методиј“ од селото Стајковци, авторот, лектор и преведувач Емил Ниами, археологот Ирена Колиштркоска-Настева се меѓу повеќето добитници на годинашната награда „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје во повеќе области. Со единаесетчленото жири претседаваше Вангелина Мојаноска, а членуваа: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова. Тие ги наградија:
Од областа на науката:
– Д-р Емил Ниами, автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.
– Проф. д-р Денко Малески, за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование.
Од областа на образованието и воспитанието:
– Проф. д-р Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“, за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.

Од областа на публицистиката:
– Слободан Петровиќ, новинар, публицист, за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција
Од областа на културата:
– Ирена Колиштркоска-Настева, археолог, за непрекинато 35-годишно активно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.
– Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист, за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.
Од областа на уметноста:
– Емилија Џипунова, балетски уметник и балетски критичар, за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и во странство.
Од областа на здравствената заштита:
– Медицински тим на доктори, кој ја изведе првата операција – имплантација на Вегус нерв стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови: доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.
– Тим за имунизација од ковид-19 при Здраствен дом – Скопје, за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.

Правни лица:
– Институт за македонска литература – Скопје, за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.
– ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје, за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.
На лице од друга држава:
– Раде Шербеџија, режисер, актер, за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на Град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.
Ученици и студенти:
– Сандра Недановска, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на Скопје во државата и во странство.
Фото: Град Скопје





