Гостивар доби национална галерија

Гостивар доби национална галерија, одлучи Владата на последната седница. Предвидено е установата да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, во насока на промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.

– Одновањето на Галерија на Гостивар претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, за демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој – соопштува Владата.

Сподели