Горјан „Гого“ Славески е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ. Македонскиот боксер успеа да триумфира во Мајами, САД, против Американецот Џејк Линдзи.
Непобедливиот Славески го продолжи успешниот учинок без досега ниту еден пораз (6-0). Судиите на крајот ја донесоа одлуката, сите беа едногласни за победа на нашиот борец.
– За мојот народ никогаш да не го збориш во деминутив!! Светски успех! Успеавме!! Светски шампион – стои во неговата објава на социјалните мрежи.





