Гори Универзална сала!

Утрово изби пожар во Универзална сала во Скопје, која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објектот. Не се знае како настанал пожарот. Се запалила куполата.

Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура.

Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.

Сподели