Режисерот Горан Столевски е вброен во 10-темина режисери што не смееме да ги пропуштиме во 2022 година, според „Вараети“. Светското филмско списание го смести Столевски во друшто на најдобрите. Столевски е Австралијанец, со македонски корени.

– Уникатниот автор, едуциран во Австралија, го вклучува фолклорот од неговата родена Македонија во неговиот суперприродно долгометражно деби „Нема да бидеш сама“. Во овој филм тој го истражува родовиот и идентитетски прашања на начини какви што публиката никогаш не видела претходно.

Филмот ќе биде премиерно прикажан во САД на 28 јануари в година. Главната улога во филмот ја толкува Сара Климоска. Таа играше и во краткиот „Види ја ти неа“ на Столевски, што беше промовиран во 2017 година и ја освои награда за најдобар интернационален краток филм на фестивалот „Санденс“.

Избраните режисери ќе бидат наградени на настан на 7 јануари на Палм Спрингс Интернационалниот филмски фестивал. На следниот линк може да ги видите имињата на сите одбрани режисери.

Фотографиј: Јутјуб

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.