Горан Стефановски доби мурал во Дебар Маало

На ѕидот на основното училиште „Коле Неделковски“ во скопската населба Центар, осамна мурал со ликот на Горан Стефановски. Автор е уметникот и тату-артист Блаже Атанасков-Нејмлес.

– Ова е монохроматски портрет, бара прецизност, работев од фотографија. Мило ми е за честа – вели Атанасков додека црта.

Идејата за реализација на муралот со ликот на Стефановски и за поинакво чествување на светски познатиот автор, е на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Стефановски потекнува од Дебар Маало и неговото творештво е тесно поврзано со ова место.

Во 18 часот пред споменикот на најпознатиот македонски драмски автор спроти култната кафeана „Идадија“, ќе биде изведен драмскиот перформанс „Маалски драмски разговори“, со што ќе биде одбележано чествувањето на 70. роденден на Горан Стефановски.

Сподели