Крводарителска акција ќе се одржи денеска од 9 до 17 часот во холот на Домот на АРМ во Скопје. Акцијата ја по 19. пат ја организираат Црвениот крст на град Скопје и Црвен крст на Македонија (Општинска организација Центар) во соработка со Институтот за трансфузиона медицина во спомен на роденденот на Тоше Проески. Досега на акциите се реализирани повеќе од 5.300 единици крв.
Насловна фотографија: Pixabay