Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметниците-членови на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. Ќе бидат изложени 30 дела од повеќе од 20 автори.

– Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат со дела во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет и одржување за да може да се пренесе на идните генерации. Затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење – вели уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.