Литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“ распиша библиотеката „Илинден“ од Делчево. Конкурсот е дел од соработката со Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, а по повод 150 години од раѓањето на великанот и патронот на градот, Гоце Делчев.

На конкурсот можат да се доставуваат литературни творби во проза или поезија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Делчево и ученици од основните училишта и Средното општинско училиште, информира Билјана Петровска, директорка на библиотеката.

Напишаните творби со напишано име и презиме и контакт телефон можат да ги достават во библиотеката, но и во електронска форма со напишано име, презиме и телефонски контакт на е-маил адреса: [email protected]

– Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт во рамки на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари 2022 година. Наградените учесници ќе добијат диплома и подарок, а наградените творби ќе бидат објавени на веб-страницата на општина Делчево, објасни Петровска.

Конкурсот ќе биде отворен до 31 јануари 2022 година.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.