„Глобален мозаик – колекција на портрети“ е насловот на изложбата од Илина Стефанова која вечерва во 19 часот ќе биде отворена во просториите на театарот „Сенки и облаци“ во Дебар Маало во Скопје. Ова е нејзина прва самостоја изложба.
– Фокусот на погледот насликан со масло на платно ќе ве запраша за импулсите на љубовта, старите мисли, фрустрациите, а ќе пронајдете и некоја проекција од минатото и спокој за иднината. Погледи преточени во емоции кои провејуваат во текот на животот. Илина Стефанова е млада, талентирана и ненаметлива девојка, апсолвент на катедрата по психологија која многу вешто умее да се справи со четката за сликање – велат организаторите.