На прв поглед Арна е како и секоја друга крофна, округла, посипана со чоколадо и украсена со шарени трошки во разни бои и дупка на средината. Направена во најдобрата пекарницата во центарот на градот, Арна е горда на себе и со нетрпение очекува да открие какви возбудливи авантури ја чекаат во иднина кога ќе ја избере некој купувач. Но таа не знае дека крофните се прават…за да се јадат! Ќе дозволи ли Арна да ја изедат како и останатите крофни или ќе се обиде да направи се што е возможно за да ја промени својата судбина? Дознајте со видеоприказната што ја раскажува Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, како дел од проектот „Гледај книга“ на „Клин продукција“.

Автор и илустратор на „Крофната Арна“ е Лори Келер, а преводот е на Гордана Поповиќ Фридман. Издавач на оригиналот е Henry Holt and Company – Maximilian Press Book Publishers

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.