Краткометражниот филм „Заб“ по сценарио и режија на Ајдин Ислами можете да го гледате бесплатно на платформата Cinesquare.net. Филмот е снимен во 2018 година, трае 14 минути, а жанровски е комедија и драма. Со бесплатниот промо код M0Y4Q, до 16 јануари можете да гледате актуелни европски филмови со македонски титл. Освен „Заб“, на располагање ви се уште 29 други македонски и европски филмови.

Главната улога во филмот ја толкува Благој Веселинов, а играат: Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Јована Спасиќ, Симон Палитов. Кинематографер е Дарио Секуловски, а музиката – на Иван Костадинов.  За монтажата се погрижи Андреј Ристески. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје.

Даниел страда од забоболка неколку дена, а нема пари за да оди на стоматолог и да го реши проблемот. Не може да ја поднесе болката што ја има и се обидува да го реши проблемот на брутален начин.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.