Филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ по сценарио и режија на Куштрим Бектеши е бесплатно достапен на VoD платформата Cinesquare.net. Со бесплатниот промо код M0Y4Q, најдоцна до 16 јануари можете да гледате актуелни европски филмови со македонски титл. Освен „Незаборавна пролет во заборавено село“, на располагање ви се уште 29 други македонски и европски филмови.

Како да гледате филм? Доколку веќе имате ваш профил на Cinesquare.net, треба само да се регистрирате. Го избирате филмот што сакате да го гледате и на долниот десен агол, го кликате делот за цена на филмот и ја избирате опцијата „Плати со промо код“. Доколку немате профил, треба да се регистрирате и да ја направите истата постапка погоре објаснета.

Филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ ја имаше својата премиера во 2019 година, во продукција на „Мануфактура“ од Македонија (продуцент Сашо Павловски), а копрдукција со „Медиа и филм продукција“ (Косово), „Ска-ндал продукција“ (Албанија) и Скупи фестивал (Македонија).

Во филмот играат голем број актери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, меѓу кои и Осман Ахмети, Адем Карага, Амернис Никшиќи Јовановска, Флора Кадриу, Блерим Дардишта.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петровиќ, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, а дизајнер на звук Дарко Спасовски.

Вообичаениот живот и спокојството на едно ‘заборавено село’ драстично го пореметува пристигнувањето на три проститутки во селската кафана. Мажите, и покрај обидите на нивните жени за да ги спречат, целото време го поминуваат во кафеана трошејќи ги сите пари на алкохол и секс. Во школото почнува да преовладува хаотична состојба. Оџата на селото го губи авторитетот и џамијата останува без верници. Само двајца млади придобиваат од целата настаната ситуација реализирајќи ја нивната љубовна врска која им е забранета од нивните родители.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.