Филмот „Кога дрвјата паѓаат“ – долгометражно деби остварување на украинката режисерка Марисја Никитук е дел од колекцијата „Гледај празнично“, поставена на VoD платформата Cinesquare.net. Филмот ја имаше својата светска премиера на фестивалот во Берлин во 2018 година, во програмата „Панорама“.

Филмот има освоено неколку награди на европски и светски фестивали, меѓу кои на Украинските награди на филмската академија. Анастасија Пустовит има неколку награди за најдобра актерка. Од Македонија во филмот учествуваа: монтажерот Блаже Дулев, композиторот Александар Пејовски, аниматорот Крсте Господиновски и други.

Освен „Кога дрвјата паѓаат“, уште 29 европски филмови ви се на располагање вам на читателите на Умно.мк на VoD-платформата Cinesquare.net. Со бесплатниот промо код M0Y4Q можете да гледате актуелни европски филмови со македонски титл. Понудата важи до 16 јануари, a филмовите можете да ги најдете на следниот линк.

Во колекцијата се и неколку македонски филмови: „Види ја ти неа“ на Горан Столевски, „Заб“ од Ајдин Ислами, „Награда“ на Лидија Мојсовска, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски и „Незрели вишни“ на режисерот Небојша Јовановиќ.

Како да гледате филм? Доколку веќе имате ваш профил на Cinesquare.net, треба само да се регистрирате. Го избирате филмот што сакате да го гледате и на долниот десен агол, го кликате делот за цена на филмот и ја избирате опцијата „Плати со промо код“. Доколку немате профил, треба да се регистрирате и да ја направите истата постапка погоре објаснета.

Ова е прва соработка на Умно.мк со Cinesquare, кој е најголемиот video-on-demand сервис на балканскиот регион со фокус на балкански и европски филмови и постои од 2017 година. Опфаќа 13 територии во Југоисточна Европа  со потенцијален достиг од 140 милиони луѓе во партнерства со локални и европски партнери.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.