Пет жени успешни во тоа што го работат се номинирани за наградата „Европска жена на годината“, што ќе ја додели Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Пет амбасадори ги претставија петте кандидатки во изминатите денови. Кандидатки за наградата се: д-р Маја Мојсова-Мијовска, Илина Арсова, Наталија Бургиева, Дина Дума и Дита Старова-Ќерими.
Нив ги претставија: Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска, Анке Холстајн (Германија), Кристин Форсгрен Бенгстон (Шведска) и Дејвид Гир, амбасадорот на Европска Унија. Гласањето започна вчера, а ќе трае до 7 март. Изборот ќе биде направен врз основа на најголем број освоени реакции (допаѓања) под секоја од номинациите во рамките на фб-објавaта. Коментарите нема да бидат сметани за глас.
Право на учество имаат сите фејсбук-корисници кои се македонски државјани и се над 18-годишна возраст. Реакции преку фејсбук-профили кои се креирани на нелегален начин, репродуцирани, дуплирани, и слично нема да бидат земени во предвид.
Маја Мојсова-Мијовска е докторка по медицина со специјализација во областа на анестезиологијата и актуелна Национална координаторка за трансплантација. Маја беше главен анестезиолог во тимот кој ја спроведе првата операција за трансплантација на срце во Македонија и во услови на Ковид-19. Операцијата влезе во историјата на македонското здравство и ја подигна јавната свест за важноста од донирањето на орган.
Илина Арсова е планинарка, активистка за заштита на животната средина и уметница. Прва и единствена жена од нашата земја што го освоила Монт Еверест висок 8848m и втора на Балканот која ги освоила највисоките врвови на сите 7 континенти. Истовремено се вбројува меѓу 70-те луѓе од целиот свет кои го совладале овој глобален екстремен планинарски предизвик.
Илина Арсова е ревносна борка за заштита на животната средина на Охрид и Охридското Езеро, посветена на зачувување на UNESCO статусот на нејзиниот роден крај. Се има претставено на 15 соло и 50 групни настани посветени на животната средина и проблемите во модерното општество.

Улогата на директорка на културна установа ја гледа како мисија за одржување на заложбата на основачите Лазар Личеноски и Никола Мартиноски поради што се вклучува во проекти за реставрација, но и реконструкција на Даут-Пашин амам, Чифте амам и Мала станица.
