Во Чифте амам, во Старата скопска чаршија вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“. Ќе бидат претставени педесетина икони и слики од сите творечки фази на Ѓорѓи Зографски. Експонатите се дел од колекциите на Националната галерија на Македонија, Народниот музеј во Велес, црквите „Св. Пантелејмон“, „Св. Спас“, „Св. Димитрија“ и „Успение Богородичино“ во Велес, семејството Зографски и голем дел приватни сопственици.
Куратори на изложбата се Славица Алексоска и Маја Неделкоска-Брзанова од Националната галерија. Изложбата ќе биде отворена до 26 ноември.