25-та епизода од хумористичната серија „Чаршија“, со наслов „Гитара“ ќе има премиера вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот на серија. Форматот е составен од кратки епизоди од 3 до 5 минути, наменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар. Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот.

-„Чаршија“ е хумористична серија инспирирана од животот, ликовите и духот на Старата скопска чаршија. Чаршија не е само серија, туку жив организам. „Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ – вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата.

Предвидени се 36 епизоди за оваа сезона. Во серијата настапуваат познати актери: Борче Начев, Жаклина Петровска, Селпин Керим, Сузан Акбелге, Хамди Рашити, Џенап Самет, Адриан Азири, Ванеса Петровци, Јеткин Сезаир, Дин Ибрахим, Стефан Николовски, Беркан Ахмет, Сон Бејта, Рајмонда Ахметај, Бену Шахин, Милена Блажевска, Бурханеттин Ибрахим, Oja Самет, Гоце Андонов, Дарја Ризова, Александар Михајловски, Аксел Мехмед, Теона Сима и Никола Мишковски.





