Гимназијата „Орце Николов“ освои Европска награда за иновативна настава

Скопската гимназија „Орце Николов“ ја освои Европската награда за иновативна настава за 2023 година што ја доделува Европската комисија. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски вчера му го додели признанието на директорот на гимназијата, Митко Димовски и проектната координаторка Ана Поп Ризова. Проектот „Ајде да играме игра“ (Let’s play a game) е награден заедно со 92 проекта од 32 различни земји.

Натпреварот беше фокусиран на новите технологии, како што се роботиката, кодирањето и програмирањето, вештачката интелигенција, виртуелната реалност, претприемништвото и како тие можат да се воведат во наставните програми за училишното образование.

Од Националната агенција велат дека оваа награда треба да биде дополнителен мотив за сите во градењето на капацитетите на училиштата за една напредна и европски препознаена настава, а тие ќе бидат доверлив партнер и поддршка за нови успеси на европско ниво.

Сподели