Гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“ распиша награден конкурс за книжевни творби по повод 100 години од смртта на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20. Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка. Максимална должина на секоја од испратените творби е 5.000 зборови. Конкурсот е без возрасни ограничувања.
Според пропозициите, творбите треба да бидат потпишани со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следните податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, e-mail адреса и адреса на живеење. Пријавите за литературниот конкурс треба да се испратат на е-адресата: [email protected], најдоцна до 25 мај. Трите најдобри творби ќе бидат наградени.