Илустрации од уметникот Трајче Павлов, работени за „Сликовницата на Халки“ денеска беа изложени во филијалата на „Халкбанк“ во Гевгелија. „Халкбанк“ е бренд кој во своето десетгодишно постоење во Македонија големо внимание посветува на општествената одговорност преку најразлични активности кои во основа имаат две силни компоненти – борбата за здрава животна средина и едукација на децата.

Овие две мисии банката ги продолжува и периодов со т.н еднодневни изложби на илустрации во своите филијали. Првата изложба беше во главната експозитура во Скопје на 19 ноември, кога пред вработените и клиентите беа претставени 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за „Сликовницата на Халки“.

Денеска истата поставка е во Гевгелија како изненадување и на вработените и на посетителите на банката, што е клучен момент на целиот проект:

– Изложбата на илустрации со слончето Халки која нè дочека утрово, беше изненадување и за нас вработените и за нашите клиенти во филијалата во Гевгелија. Убаво е да се гледаат нивните позитивни реакции кога застануваат пред сликите. Некои нè распрашуваа за што се работи, некои фотографираа, а голем дел и го скенираа кодот за продажба на „Сликовницата на Халки“. Мислам дека спојот на уметност и хуманост е одличен и дека во овој период пред празниците ќе даде навистина големи резултати. „Халкбанк“ отсекогаш се залагала за доброто и за убавото, водејќи сметка за обичниот човек и овој настан е во рамките на тие заложби. Го поздравувам и потегот проектот да дојде и во нашиот град. Изложбата ù даде посебна живост на нашата експозитури која е доста посетена – вели Даниела Концалова, директорка на експозитурата.

Авантурата на Халки низ текст и илустрација ги обработува темите: екологија, прифаќање, инклузија и толеранција, важни за децата и нивниот иден светоглед. Сликовницата е работена во еколошки бои и на еко-хартија, а илустрациите се работени во класична акварелна техника.

Покрај илустрациите во филијалата во Гевгелија поставен е и QR кодот за купување на „Сликовницата на Халки“. Средствата од продажбата целосно ќе бидат наменети за СОС Детско село.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.