„Галантна Индија“ со Габриел Бебешелеа и Елишија Силверштајн во Филхармонија

Во македонската Филхамонија вечерва во 20 часот ќе биде одржан „Галантна Индија“, со маестро Габриел Бебешелеа и Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ и Оркестарската свита од операта балет „Галантна Индија“ од Ж.Ф.Рамо.

Елишија Силверштајн на светската музичка сцена се етаблира како изведувач со невообичаено смели и проникливи изведби, а некои музички критичари ја вбројуваат меѓу најзначајните претставници на својата генерација. Музичката јавност за првпат има можност да ја слушне во Лондон, 2015 година, на музичкиот фестивал „Спиталфилдс“. Тоа бил настап кој навестувал една мошне плодна и успешна кариера. Шест години подоцна, Елишија Силверштајн станува добро позната на светската музичка сцена како изведувач со невообичаено смели и проникливи изведби, а некои музички критичари ја вбројуваат меѓу најзначајните претставници на својата генерација. Настапува како солист и како камерен музичар, а нејзиниот репертоар се состои од дела од 17 до 21 век.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Именуван за шеф-диригент на Романската национална опера во 2011 година, со што станува најмладиот шеф-диригент во Романија. Истата година му е доделена стипендија за да стажира со престижниот „Концертгебау оркестар“ во Амстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман… Една од големите пасии на Бебешелеа е да работи со млади музички уметници. Од 2011 година, тој е главен диригент на Молдавскиот национален младински оркестар, а редовно работи и со Романскиот младински оркестар. Дипломира оркестарско диригирање во 2010 година со Кум Лауде на Музичката академија во Клуж-Напока, две години подоцна магистрира на Националниот музички универзитет во Букурешт, а потоа и докторира на истиот универзитет. Моментно живее во Виена, каде што ги завршил постдипломските студии на Универзитетот за музика и изведувачки уметности.

Сподели