Осуммина врвни солисти со хорот и оркестарот на Националната опера и балет ќе го изведат традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ утре и задутре во НОБ. Концерите под наслов „Viva L’Opera!“ почнуваат во 20 часот, диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер – Дејан Прошев.

На програмата ќе бидат изведени арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар. Ќе настапат нашите оперски уметници, сопраните Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Дешира Ахмети-Крлиу, Наде Талевска, Ѓорѓи Цуцковски (тенор), баритоните Борис Трајанов и Марјан Јованоски и Александар Стефаноски (бас).

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.