Францускиот гигант во издаваштвото „Галимар“ ќе го објави на француски јазик романот „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Договорот е потпишан, објави Марија Бежановска која го направи преводот од македонски на француски јазик. Се очекува да излезе в година.
Издавачката куќа „Галимар“ во 1911 година ја основал Гастон Галимар. Денес е водечка во книгоиздателството во Франција.

Во Македонија „Мојот маж“ ја објави книгоиздателството „Или-или“. Воедно е една од најпреведуваните книги во последните години. Драмски театар од Скопје ја постави и како претстава. Бужаровска е родена во 1981 година во Скопје. Предава американска литература на Филолошкиот факултет во Скопје и се занимава со книжевен превод. Авторка е на студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“, (Блесок, 2012), како и две збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007) и Осмица (Блесок, 2010).

Марија Бежановска е поранешен новинар во Радио франс интернасионал. Таа прави литературни преводи на македонски писатели и поети и е една од најзаслужните за промоцијата на македонската книжевност во Франција. Нејзини се прводите на француски на: „Демонот од Дебармаало“ од Горан Стефановски, „Вестхауст“ од Божин Павловски, „Црвениот коњ“ и „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, „Големата вода“ од Живко Чинго и многу други.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.