100 години од основањето на аероклубот „Скопје“ беа одбележани вчера со целодневен митинг на спортскиот аеродром „Стенковец“ кај Скопје. Во возбудливи воздушни акробации и маневри, изложба на разни авиони од регионот, падобрански скокови и маестрално летање модели на далечинско упртавување уживаа илјадници посетители.
Аероклубот „Скопје“ е формиран во 1923 година и до денес е посветен на развивање и популаризација на воздухопловните спортови во Македонија. Низ годините го менува името од „Наши крила“ во Аероклуб „Скопје“. Во чест на рускиот космонаут преименуван е во „Јуриј Гагарин“ и во 90-тите години на минатиот век поворно го вратил старото име.
Ви споделуваме фотогалерија од настанот.