Новиот Совет за култура завчера одржал конститутивна седница во Министерството за култура. Телото брои 11 члена, а улогата на Советот е да го советува министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност.
Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Беговска, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана С. Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска.