Формиран македонскиот тим за Европската женска математичка олимпијада

Три ученички од втора и една од четврта година ќе ја претставуваат Македонија на Европската женска математичка олимпијада 2022. Репрезентацијата беше формирана по одржаниот натпревар на Природно-математичкиот факултет во Скопје и е во истиот состав како и минатата година. Европската женска математичка олимпијада ќе се одржи во Унгарија, од 6 до 12 април.

Наши учеснички ќе бидат: Емилија Николовска – втора година (Математичко-информатичка гимназија – Скопје), Марија Атанасова – втора година („Јахја Кемал“ од Скопје), Јасна Илиева – четврта година („Јахја Кемал“ – Скопје) и Ивона Зикова – втора година во Математичко-информатичка гимназија – Скопје. Водач на составот ќе биде проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, а заменичка– Ерблина Зекири.

Сподели