„Форбс“ го препорача „Диџеј Ахмет“ меѓу шест филмa за 2025

Филмот што е најмногу во стилот на „Санденс“, е „Диџеј Ахмет“ (во режија на Георги М. Унковски). Приказна за младо момче од С. Македонија кое сонува да го напушти сонот на своето семејство за овчарство и да стане професионален диџеј. Дури и тракторот му е опремен со стерео слушалки за да ги охрабри неговите соседи да танцуваат. Ахмет станува ѕвезда од социјалните мрежи кога неговото стадо овци упаднува на локална рејв-забава, пишува критичарот Скот Филипс во „Форбс“.

Како дополнување на адолесцентната драма, нему почнува да му се допаѓа ќерката на соседот која е омажена за избран зет неколку години постар од неа. Од бркањето сонови на сметка на емотивни трошоци на генерациските конфликти помеѓу Ахмет и неговиот традиционален татко, до прашањето на старомодените општествени конвенции како договорените бракови, сите елементи на „Санденс“ филм се присутни. Младиот кастинг е толку шармантен и сетингот е толку едноставно интересен, што прави старите (и можно е да се изморени) теми, да се чувствуваат како нови повторно. Темите на „секогаш следи и своите соништа“ во „Ахмет“ ме потсетија на CODA. Тоа воопшто не е лош стандард за да се настојува.

Ова е линк до целиот ТЕКСТ.

Сподели