Фонд од 50.000 евра за стипендии на Qinshift Academy

До 70 отсто од стипендија за академиите во различни IT области за најперспективните и најталентираните учесници ќе додели Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) на традиционалниот ден на предизвици (Challenge Day). Настанот ќе се одржи в четврток и в сабота (25 и 27 април), во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. Годинава е зголемена поддршката на нови студенти со обезбедување на фонд од 50 илјади евра за заинтересираните студенти на Qinshift Academy.

– Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро – вели Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

Предизвникот ќе опфати повеќе академии: за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графчки дизајн, гејм дизјан, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање, Data Science и дигитален маркетинг. Пријавувањето за настанот е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на треба да го пополнат формуларот за апликација на линкот.

Сподели