Вториот од циклусот разговори насловени „Збор, два за музиката“ на кој гостин ќе биде финскиот композитор Калеви Ахо, ќе се одржи денеска во 13 часот во камерната сала на Филхармонијата. Неговиот Концерт за алт флејта и гудачи ќе ја доживее својата светска премиера токму на вечерашниот концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“.

Модератори на разговорот ќе бидат Симона Гајдоска, продуцент и композитор и Ангел Спироски, композитор и диригент.

Калеви Ахо (1949) е фински композитор, кој во своето творештво има дела напишани во различни стилови – од неокласицизам, до модернизам и постмодернизам. Поради неговата „иронична“ употреба и мешањето на различни стилови и жанрови во музиката што ја пишува, го споредуваат со Густав Малер и Алфред Шнитке. Концертот за алт-флејта го напишал по иницијатива на романскиот флејтист Матеј Јоакимеску.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.