Финална изложба на студентите на „Скала“

Во просториите на „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи финалната изложба „Продор“ на студентите од академиите во „Скала“. Ќе бидат претставени повеќе од 500 дела на 140 студенти од генерацијата 2023/24 год. Публиката ќе има можност да погледне илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, фотографии, како и работни процеси, технички цртежи и скици.

– Запознајте ја новата дизајн сцена! Оваа изложба е извонредна можност за нашите студенти да ги претстават своите дела пред пошироката публика, да создадат контакти коишто ќе им бидат од голема корист за нивниот креативен и професионален развој и секако, да го прославиме заедничкиот труд од изминатата година – вели Ана Секуловска, наставен координатор на „Скала“.

„Скала“ е Школа за дизајн и технологија, којашто веќе 13-та години ги создава најквалитетните кадри за индустриите на новото време.

Сподели