Филмови за деца во фокус на конкурсот на Агенцијата за филм во вториот рок на одлучување

„Снешко” во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на „Дрим Фектори“, „Не се согласувам” на Кристијан Ристевски, во продукција на „Фокус Покус“ и „Роден да живее” во режија на Кастриот Авдили во продукција на „Дарданиa филм“ е долгометражни играни филмови што добија поддршка од Агенцијата за филм од конкурсот за 2023 година, во втор рок на одлучување.

-Овој конкурс понуди исклучителни проекти и издоминира македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија – велат од Агенцијата.

Повеќе за сите резултати, отворете на следниот линк.

Сподели