Филмот „Твист“ вечерва во Кинотека

Акциската драма „Твист“ во режија на Мартин Овен е вечерва на програмата на „Кафе кино“ во летното кино на Кинотека на Македонија. Проекцијата почнува во 20.30 часот. Филмот трае 90 минути, а улогите ги толкуваат Роферти Ло, Мајкл Кејн, Сели Колет, Рита Ора и други.

Билетите чинат 100 денари, а може да се купат на билетарницата на Кинотека. Проекцијата се одржува во рамките на „Скопско лето“.

 

Сподели