Филмот „Страста на Доден Буфан“ го отвора Празникот на франкофонијата

Со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг, вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ ќе биде отворено годинашното издание на „Празник на франкофонијата“ во Скопје. Програмата за активностите планирани од франкофонските земји и партнери во текот на март 2024 година со кои ќе се одбележи месецот на Франкофонијата ја претставија амбасадорите на Швајцарија и на Франција.

Во „Празник на франкофонијата“ се предвидени концерти на истакнати музичари, недела на франкофонски филм, натпревар по изразно читање, изложбата „Париски рефлексии“ во Чифте амам и други настани. На 4 април во Народен театар во Битола ќе има француска вечер на Џез-фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел. Ќе се одржи и второто издание на Парламентот на млади франкофони, што е организирано од македонското Собрание.
Нашата држава е полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји. Чествувањето на „Празникот на франкофонијата“ е реализирано во пријателска соработка со амбасадите на државите членки на меѓународната организација на Франкофонијата: Франција, Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Бугарија и Албанија.

Сподели