„Лена и Владимир“ најдобар на престижен американски фестивал на независниот филм

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал „Жилиен Дибик“ што се одржува во градот Дибик, во американската држава Ајова. Станува збор за фестивал на независниот филм на кој учествуваат стотици филмови од цел свет. Признат како еден од 25-те најкул филмски фестивали во светот и оеден од топ 50-те филмски фестивали од „Мувимејкер магазин“.

Фестивалот е меѓу топ 100-те најдобро рангирани фестивали на FilmFreeway.com. Фестивалот постои од 2012 година.

Филмот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Алексов.
-Целата екипа е длабоко почестена и ја изразува својата благодарност до фестивалот и до сите наши поддржувачи! – велат од продукцијата.

Приказната е за двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг за да ја откријат љубовта кон животот. Сценариото е на Александар Русјаков, а продуцент е „Мајнд продакшн“.

Покрај Наумовски, во филмот играат: Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски. Филмот е копродукција меѓу Македонија и Србија.

Сподели