Филмот „Детето во светот“ посветен на Љубе Цветановски достапен на „Јутјуб“ (ВИДЕО)

Филмот „Детето во светот“ посветен на поетот, патописец, документарист Љубе Цветановски, а во режија на неговиот син Гоце Цветановски е достапен и на платформата „Јутјуб“. Станува збор за филмско остварување кое се фокусира на неговите сеќавања и патувањата во над 20 егзотични земји од каде ја збогати македонската ризница со бројни исконски репортажи. Мајсторот на документарниот филм, познат по својот хумористичен и поетски стил, не’ води на незаборавно патување.

„Крај песочните плажи, до бистрата морска вода, можеш да ја споредуваш младоста и долговечноста, можеш да се прашуваш каков би бил светот ако со него владеат само луѓето што ја сакаат убавината…“ – Љубе Цветановски

Тој знаеше да каже дека спознанието ќе биде ништожно ако не го споделиш со друг, ако не го раскажеш со збор или ако не го регистрираш низ објективот на камерата… Таков беше култниот Љубе Цветановски – македонска легенда чијшто живот згасна пред 10 години.

„Добар документарен филм е оној кој личи на игран филм, а добар игран филм е оној кој личи на документарен фим“, говореше Љубе Цветановски.

Сподели