„Филмај“ вечерва и утревечер во Куманово

Фестивалот на краток филм „Филмај“ ќе се одржи вечерва и утревечер во 20 часот во Занаетчисткиот дом во Куманово. Ќе бидат прикажани наградените филмови: турскиот „Скоро целосна измислица“ од Чансу Бајдар, рускиот „Достоинствено“ со Никита Белај како директор на фотографија, „Дрвја намачкани со катран“ (Данска) по сценарио на Михаел Кунов, заедно со најдобриот домашен филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова. Ќе биде прикажан и „Посетителите на Амаја“ (Шпанија) како најдобар краток филм.

Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови. Жирито на „Филмај“ го сочинуваат: Никола Кузелов (актер и сценарист), Лавинија Софрониевска Лошков (режисерка) и Пол Диглер (режисер, сценарист и монтажер).
Влезот ќе биде бесплатен за посетителитe. Организатрот напоменува дека не се препорачува присуство на публика помлада од 16 години поради експлицитни сцени, стилизирана голотија, драматуршко насилство и суровост спрема животни во неколку од филмовите.

Сподели