Уметниците Филип Фидановски и Ана Митевска ќе учествуваат на меѓународната изложба Butterflies in the Soul што ќе се реализира на Западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка од 14 до 30 август. Изложбата е во организација на SME ŽENY од Братислава, во соработка со Националниот совет на Словачка.

Фидановски ќе се претстави со 7 скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“, а Ана Митевска со 4 слики акрил и масло на платно од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од Европа.

Претставувањето на македонските уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, со поддршка на Македонската амбасада во Братислава и организациска поддршка на „Архифакт“ од Скопје.





