Фестивалот „Инструментите на моите предци“ во КИЦ

Фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ што го организира Детскиот културен центар „Карпош“ ќе биде отворен вечерва во 19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Публиката ќе има можност да ги слушне звуците на македонските традиционални музички инструменти хармоника, тамбура, кавал, кларинет, гајда, тапан. Нумерите што ќе ги слушне публиката ќе бидат  изведени од комисијата, познати македонски виртуози. Оваа година како јубилејна, ќе се претстават и сите досегашни победници во изминатите четири години, добитници на гран при во натпреварувачкиот дел.

На единствен начин се запознаваме со сличностите и разликите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел, вели директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

На 11.04 од 19:00 до 20:30 часот во КИЦ, Салон 19/19 ќе се одржи Ревијалниот дел, каде На уникатен и единствен начин се запознаваме со сличностите и разликите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел, вели директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

Фестивалот се организира под покровителство на ГрадСкопје.

Сподели