Фестивалот БОШ ù го отстапува подиумот на алтернативната независна сцена

Со изложба на повеќе уметници вечерва во 20 часот во Домот на културата во Гевгелија е биде отворено 16. Издание на фестивалот БОШ во Гевгелија. Изложби, музика, перформанси ќе бидат на програмата на фестивалот кого публиката веќе добро го знае. По 16-ти пат БОШ Фестивалот се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси. Овој пат го глофирицираме принципот на „направи сам“ како единица мерка за живот на алтернативната уметност и баеме против уроци за да отвориме пат за иднината. Тука сме за да ангажираме простори за творење, размена и споделување на култура – велат организаторите.

Во Домот на културата ќе се претстави Анестис Мавроматис Парадис „Comic Glitch Project“, самоук уметник, а дипломиран филозоф, роден во Солун, живее и работи во Мадрид. Наградуван во областа на цртеж и илустрација. Анестис е влубеник во фантастичните светови и замислените суштества. Сака да црта дворски шутови, гротексни демони, гноми, жаби и печурки. Обожува да лута по шумите и да собира илустрирани книги и цртежи. Како што подвлекува самиот уметник особено е среќен што ќе има можност да гостува во Гевгелија и да покаже дел од својата работа презентирајќи илустрации, линорези и стрипови од 2017 до денес.

Со изложбата „Одвиткување“ ќе се претстави македонската уметница Илина Ѓорѓиевска.
„Одвиткување“ е самостојна изложба на колажи. Спојување на исечоци или искинати делови од хартија или списанија како мал универзум, во којшто различните елементи коегзистираат и се преплетуваат, формирајќи уникатен свет со нови приказни и значења. Визуелни дневници на лична и интимна трансформација. Начин на приземјување. Ослободување. Секој колаж е едно патување – од хаос до ред, или од ред до хаос. Исто така колажот е и истражување. Себе истажување, на моментална состојба, поривите, стравовите…она што не плени и она кое што не успокојува. Никогаш композицијата не е однапред испланирана, напротив таа се создава самата од себе се до моментот на интитувно завршување на процесот.

Со графики ќе се претстави Андреј Јулхер од Србија.

-Фестивалот се држи до веќе познатиот концепт како и изминатите години, застапеност на уметности од алтернативната независна сцена. Годинава имаме мала, но квалитетна програма и предизвик беше да се направи скоро за без пари. Така годинава се држиме на принципот ‘направи сам’ – вели Мариа Стојанова, организатор на фестивалот.

Во 21.30 часот ќе следува изложбата „По текот на Сува Река“ на уметниците Иван Ивановски и Дамјан Ѓуров, а ќе биде отворена во Амамот.

Текот на животот ја резба земјата по патеките на нашите минувања. Скулптурите на оваа изложба се остатоци од овие движења, зацврстени во метал, измазнети во камен. Ќе следуваат диџеј сетови на Мартчин и Маги во Кафе бар „У“, а забавата ќе продолжи со техно и хаус музика.

Сподели