Фестивал на кратки филмови „Дрим шорт 2022“ во Струга

На летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска до 9 август ќе се одржи 6. издание на фестивалот на кратки филмови „Дрим шорт 2022“. Годинава публиката ќе гледа филмови во четири натпреварувачки категории: студентска, регионална, меѓународна и специјалната програма „Соочување со минатото“.

Годинашното мото на фестивалот е „Кула на вечноста“. Организаторите најавуваат дека покрај филмската програма, неизбежен дел е и филмско-едукативна програма, која ќе биде придружена со мастер класови, дискусии, соработки и работилници, а истовремено најавуваат и музичка програма. Повеќе за програмата и вестивалот на линкот.

Сподели