Во Паркот на револуцијата во Прилеп в петок и в сабота (24 и 25 јуни) ќе се одржат проекции во рамките на Фестивалот на краток филм Winter Apricots. Во амфитеатарот на „Могила“ од 20.30 часот ќе биде прикажана колекција од најинтересните филмови од претходните две изданија на фестивалот. Петок е резервиран за филмови од 5. издание на фестивалот кое се одржа само во онлајн-формат во 2020 година, а в сабота ќе биде прикажана селекција на филмови од ланското, 6. издание на фестивалот.

По филмските проекции в сабота од 22 часот ќе се одржи концерт на битолскиот изведувач и кантавтор Дејан Марковски.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.