Книгата Off the Scales, од новинарката на „Ројтерс“, Off the Scales изминатиот викенд беше во фокусот на реномираното списание Wall Street Journal. Во списанието беше објавена рецензија за „фасцинантна нова книга“ за откритието и развојот на пептидот 1 (GLP-1) и неговото влијание врз медицината, културата и во општеството. Зошто оваа вест ја засега и Македонија? Затоа што една од научниците кои одиграа клучна улога во откривањето на GLP-1 е хемичарката д-р Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот „Рокфелер“ во Соединетите Американски Држави. Таа е родена скопјанка.
Автор на рецензијата е Дејвид Шејвитз. Наменета е за поширока публика, а најмногу се фокусира на општествените и културните импликации, особено на обемната дискусија во книгата за науката што доведе до семаглутид – препарат кој денес фармацевтската компанија „Ново Нордиск“ го пордава како „Оземпик“ (инјекција за дијабет тип 2), Wegovy (инјекција за дебелина) и Rybelsus (таблета за дијабет тип 2).
Авторката Донелан го опишува почетокот на работата во Општата болница во Масачусетс, понатамошниот развој на производи во „Ново Нордиск“, па дури и дел од комерцијалните одлуки и лидерите.
„Во раскажувањето за откритието на GLP-1, Донелан е особено чувствителна кон придонесот на хемичарката Светлана Мојсов, која одигра критична улога во идентификувањето и прочистувањето на активната форма на GLP-1 додека работела во MGH, како инструктор по медицина во Одделот за ендокринологија и директорка на Лабораторијата за синтеза на пептиди,Хауард Хјуз‘. Мојсов првично не била вклучена во клучните патенти за GLP-1. Тие му биле доделени само на лекарот-научник Џоел Хабенер. Мојсов поминала повеќе од една деценија во исцрпувачка, но на крај успешна правна борба за да биде додадена како пронаоѓач. Денес, Мојсов е истражувачки професор на Универзитетот,Рокфелер‘ во Њујорк, институцијата каде што првично се обучувала“, пишува Донелан.
Според неа, „приказната на Мојсов ја открива суровата природа на науката и е уште еден пример за тоа како жените често се туркани на страна. Читателите можат да насетат како се развивало јавното признание за делото на Мојсов и нејзиниот научен придонес за откривањето и развојот на GLP-1 од 2021 година наваму“, вели Донелан.
Во изминатите неколку години Мојсов со колегите добија многу светски награди за нивното откритие.
Целиот текст на линкот.
Насловна фотографија: Принтскрин





