Еколошки платнени торби со одличен дизајн се новиот производ што го нуди Imaginarium Journals. Покрај досегашните фантастични планери и дневници, интересните креации со неколку различни дизајни и мотивирачки пораки се отпечатени на црни и крем платнени торби, а чинат 350 денари. Продажбата почнува од понеделник.
Авторка на Imaginarium Journals е Катарина Пренда, една од најнадежните млади графички дизајнери во Македонија. Покрај стандардните ангажмани на странскиот пазар и креативните проекти на графички решенија за корици за книги, таа повеќе од една година го развива својот производ Imaginarium Journals. Целата идеја тргнала од потребата. Подолго време кај нас барала bullet journal и кога не успеала да најде ништо што ѝ одовара, решила самата да го направи.

– Bullet journal е вид на дневник кој наместо линии има шема од точки и не служи само за пишување, туку и за цртање и секаков вид на визуелно изразување. Во планерите главната улога ја игра времето, па затоа е тука и прашањето: Што ќе направиш со времето што ти е дадено? – вели Пренда.
IMAGINARIUM JOURNALS НА КАТАРИНА ПРЕНДА – МАЛКУ МИСТИКА, МАЛКУ ИМАГИНАЦИЈА И МНОГУ ЉУБОВ
Таа голем дел од својата работа постветува и на хумани активности. Редовно процент од заработката пренасочува за лекување на деца, помош на загрозени животни и сл.





