Бреинстер Некст колеџ се разликува од другите по тоа што ние сме практичен факултет. Најважни ни се праксата и реалните проекти, вели Ема Кастратовиќ, академски координатор на Бреинстер Некст колеџ
Целта на создавањето на факултетот Бреинстер Некст колеџ е да се надмине јазот помеѓу реалната потреба за вештини на пазарот на труд и моменталната понуда на студиски програми во рамки на високообразовниот систем. Затоа создадовме курикулум кој е во тек со глобалните трендови, креиран во соработка со ИТ-индустријата, вели Ема Кастратовиќ, академски координатор на Бреинстер Некст колеџ. Факултетот, чиј основач е едукативно-технолошката организација Бреинстер, од оваа академска година, покрај Софтверско инженерство и иновации, нуди уште една акредитирана програма – Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии.
Во тек се уписите за студенти на академската 2023/24 година. Кои сè програми ги нуди Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) за студентите од прва година?
– Бреинстер Некст колеџ, како прв применет ИТ-факултет кај нас нуди акредитирани тригодишни студии по Софтверско инженерство и иновации, а во оваа академска година ја имаме и новата акредитирана програма – Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии, која е единствена од ваков тип кај нас. Тригодишните студии и за двете програми носат 180 ЕКТС.
Местата на нашиот факултет се ограничени за да може студентите да работат во мали групи, а професорите можат да му посветат соодветно внимание на секој студент, од запишувањето до неговото вработување. Двете програми се конципирани на начин кој ќе им овозможи на студентите практична подготовка за нивната идна кариера.
Ема Кастратовиќ
Новата додипломска програма е единствена и уникатна кај нас бидејќи во својот курикулум содржи предмети од областа на графичкиoт дизајн, UX/UI дизајнот, фронтенд програмирање, 3Д-моделирање и анимации кои како вештини и компетенции се барани од страна на компаниите. Ние сме и практичен ИТ-факултет. Тоа значи дека овие предмети ќе се изучуваат практично, преку работа на реални проекти, решавање практични предизвици и работа со мали групи студенти. Секако дека нема да ја занемариме и теоријата, меѓутоа, таа е во служба на праксата на нашиот колеџ. Студентите што лани се запишаа на Софтверско инженерство и иновации успешно ја завршија годината, имаа шанса да работат на реални проекти, учествуваа на својот прв хакатон, и дел од нив имаа платена летна пракса во компании. Уписите и за двете програми се во тек.
Дали е предоцна за оние студенти што аплицирале на друг факултет, а не успеале да се запишат во првиот уписен рок или се предомислиле во меѓувреме. Какви опции имаат сега да се запишат на Бреинстер Некст колеџ?
– Уписниот рок кај нас сè уште трае, но ги пополнуваме последните групи студенти и за двете студиски програми. Би им препорачала да аплицираат што поскоро. Не е проблем ако некој студент веќе предал документи на упис на друг факултет и во меѓувреме се предомислил. Слободно може да ги повлече и да се запише кај нас. Ова е воедно и право на секој студент, да поднесе документи за аплицирање и упис на факултети по негов избор, и при конечната одлука каде ќе се запише, да си ги повлече оригиналите и да ги однесе на одбраниот факултет. Ова важи и кај нас, и се разбира, доколку ги исполнува условите за упис, нема да има никаков проблем со префрлањето. Минатата година имавме примери и од повеќе студенти кои се префлија кај нас да студираат Софтверско инженерство и иновации, иако веќе поминале цела година на други факултети, а некои се предомислија и се префрлија иако беа запишани на друго место. Некои беа незадовиолни од условите, некои сфатиле дека направиле погрешен избор, некои едноставно посакаа поинаков тип на студии што што не можеле да го најдат на факултетите на кои се запишале. Сега сите успешно ја завршија првата година кај нас.
За студирање нудите една многу интересна опција – студирај бесплатно, плаќај по вработување. Но, кандидатот треба да реши онлајн-тест објавен на вашата платформа Generation Next. Што содржат овие тестови? Дали се преголем залак за еден средношколец?
– Ние не користиме стандарден приемен испит, туку тест за капацитети и способности, бидејќи не ни е најважен успехот на кандидатите што го имале во средното образование, или резултатите од државната матура. Но, секој мора да го положи т.н. компетитивен тест кој ни покажува дали сме соодветни едни и за други, односно правиме проценка дали кандидатот е соодветен за нашите студиски програми. Овој тест за компетенции е основен услов за студентите да се стекнат со поволноста „Студирај сега, плаќај по вработување“. Нам ни се важни способностите на кандидатите, афинитетите и желбата да се постигне повеќе и да се напредува.
Тестот се состои од 40 прашања, поврзани со решавање на проблеми, општо знаење, има логички и нумерички прашања, логички игри. Ваквиот тип на прашања се применуваат во многу странски високообразовни институции. Секако дека не се преголем залак за средношкоците и не треба да се плашат. Тестот се решава онлајн, а кандидатите што го поминале ги каниме на дополнително интервју, да се запознаеме и да процениме заедно дали сме соодветни и ние како образовна институција за нив, а и тие за нас.
Што добиваат студентите на Бреинстер Некст колеџ, а што не можат да го најдат на другите факултети во Македонија?
– Наш основач е Бреинстер (Brainster) – лидерот во неформалното образование во Македонија, што само во поседните две и пол години упспеа да вработи над 700 студенти. Целта на создавањето на факултетот е да се надмине јазот помеѓу реалната потреба за вештини на пазарот на труд и моменталната понуда на студиски програми во рамки на високообразовниот систем. Затоа создадовме курикулум кој е во тек со глобалните трендови и креиран во соработка со ИТ-индустријата.
Сè што научивме во Бреинстер веќе го применуваме и на факултетот, односно во формалното образование. Воведовме практична методологија на учење која се покажува многу успешна на нашите академии. Таа не е докажана само во рамките на нашата организација, туку и на национално ниво, во средното стручно образование преку дуалното образование, а на интернационално ниво е одамна докажана во високото образование особено во Германија и останатите држави во Северна Европа преку т.н. Universities of Applied Sciences и Fachhochschules.
Ивица Пешовски, на предавање на Отворениот ден на факултетот
Од другите се разликуваме по тоа што ние сме практичен факултет. Најважна ни праксата и реалните проекти. Наставната програма на секој од предметите е создадена така што прво се определува што треба практично да знае студентот по положување на испитот, па потоа со reverse engineering метод се креира програмата која е 50-70% практична (вклучувајќи ги и испитните задачи). Теоријата, пак служи да ѝ даде контекст на праксата. По завршувањето на секој пролетен семестар, на сите студенти кои успешно ја комплетираат студиската година им се нуди платена пракса кај нашите партнерски компании.
Нашите full-time професори (предавачи) се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата. Сите имаат практично искуство во индустријата. Дел од предметите ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија и кои како full-time вработени во нашите партнерски ИТ-компании држат делови од предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза. Имаме и странски професори и гостински предавачи кои се претприемачи или професионалци вработени во дел најголемите глобални ИТ-компании.
Различни сме и во тоа што нашата методологија на учење е базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап и имаме Student Success тим наместо класична студентска администрација. Целосната студентска администрација се одвива електронски на нашиот интерен Learning Management System, а студентите имаат и онлајн-платформа која ја создадоа нашите колеги од тимот за иновации. Наставата ни е со физичко присуство.
Секако, да не ја заборавиме и финансиката поволност што ја нудиме, а ја нема никаде во регионов – студии за 0 денари и исплаќање на школарината на 36 рати без камата. Тоа им овозможува на студентите да ја исплатат целата школарина од платата преку првото вработување кое ќе им го овозможиме ние како институција на сите што ќе успеат успешно да ги завршат студиите кај нас.