„Essential Places“ е насловот на 30. Летна школа за архитектура што ја организира Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Гостин тутор е проф. Маруша Зорец од Архитектонскиот факултет во Љубљана, Словенија, а раководител е д-р Ана Ивановска-Дескова, вонреден професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Свеченото отворање е денеска во 12 часот на платфотмата зум. Зорец ќе одржи предавање на насловено „Unveiling the Hidden“. Во рамките на Летната школа со свои предавања ќе гостуваат: проф. Рива Лава од Архитектонскиот факултет од Атина, Грција, проф. Ања Планишчек и проф. Рок Жнидаршиќ од Архитектонскиот факултет од Љубљана, Словенија и проф. Том Емерсон од ETX, Цирих, Швајцарија.
Предавањето на проф. Маруша Зорец може да го продлеите ТУКА.





