Европска недела на мобилност на темата „Заштедете енергија“

По повод одбележување на Европската недела на мобилност, која се одржува на тема „Заштедете енергија“ од 16 до 22 септември, Младинското кино на ЕУ: Green Deal претставува тематски соодветни филмови. Училишните паралелки се поканети во кино додека секој може бесплатно да проследи неколку филмови од зелената програма

Европската недела на мобилност е најважна кампања на Европската комисија фокусирана на подигнување на свеста за одржлива мобилност. Иницијативата која се смета за движечка сила за климатски и напредни транспортни промени, расте во популарност: само минатата година официјално учествуваа речиси 3.000 градa и населени места од над 50 земји. Овогодинешното мото „Заштедете енергија“ има цел да ја намали потрошувачката на енергија преку промовирање еколошки транспортни решенија и мотивирање и инспирација на луѓето да прифатат поактивен животен стил.
Мултикултурното транснационално EU Youth Cinema: Green Deal,  Во Македонија, „Синеплекс“ е ексклузивен кинопартнер на проектот.

Првиот од двата филма, снимен од австриските хоби велосипедисти Доминик Бочис и Андреас Буциуман, е за двајца пријатели кои со велосипед поминуваат 18.000 километри и 19 земји – прилично необична рута. Продуцентот Јозеф Ајхолцер коментира: „Во општество кое системски се фокусира на нормите, правилата и минимизирањето на ризикот, излегувањето од конвенционалното е желба со која многумина од нас може да се идентификуваат“.

EU Youth Cinema: Green Deal, активен од март 2022 година во Северна Македонија, Австрија, Хрватска, Романија и Словенија го управува австриското здружение LET’S CEE Film Festival заедно со локалните координатори Go Green (Северна Македонија) и EPEKA (Словенија). Програмата во моментов се состои од над 30 европски филмови, кои се прикажуваат во кината и се емитуваат онлајн. Дидактичките материјали и меѓунационалната маркетинг кампања го комплетираат иновативниот концепт. Целосната верзија на програмата е достапна бесплатно за сите регистрирани училишни паралелки (регистрација: www.youth-cinema.eu/mk) во петте земји. Секој заинтересиран ширум светот може бесплатно да стримува неколку филмови преку www.euyc.green/mk.

Сподели