BirdLife International ја објави Европската црвена листа на птици за 2021. Црвената листа го анализира ризикот од исчезнување на 544 видови птици во повеќе од 50 земји од Европа. Оваа листа ги следи категориите и критериумите на црвените листи на Меѓународната унија за зачувување на природата и сите птици имаат пресметан ризик од исчезнување помеѓу „најмалку засегната“ до „исчезната“.

Македонија учествуваше во изработувањето на оваа листа преку експертскиот ангажман на Македонското еколошко друштво (МЕД). Теренските истражувања беа направени од домашни и странски орнитолози, како и волонтери на МЕД. Објавата на оваа листа се совпадна со Конвенцијата на биолошка разновидност на ОН го дискутира новиот план за соочување со кризата на дивите животни во светот.

Птиците се едни од најчувствителните животни и затоа се идеалните индикатори за разбирање на промените во животната средина. Кога птиците се загрозени тоа значи дека и ние сме загрозени.

Главните наоди од истражувањето за Македонија се намалувањето на популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката и стабилизирање на популацијата на рибарчето.

Најзначајни наоди на ниво на Европа се:

  • Еден од секои пет вида птици во Европа е загрозен или скоро загрозен од исчезнување
  • Еден од секои три вида птици во Европа има намалена бројност
  • Морските, шумските, крајбрежните и грабливите птици се најзагрозени и нивните популации најбрзо опаѓаат во Европа.
  • Најзагрозени хабитати се обработливите и морските површини, како и мочуриштата и ливадите.
  • 71 вид птици (13%) се загрозени во Европа
  • Пет вида птици се регионално исчезнати

Наодите од Црвената книга ни укажуваат и на тоа дека најголемите закани за птиците во Европа се:

  • Пренамена и деградација на голем дел од земјиштето
  • Инвазивни земјоделски практики
  • Прекумерно искористување на морски ресурси
  • Загадување на копнени води
  • Неодржливи шумарски практики
  • Неодржливо развивање на инфраструктура

Иако наодите на новата Европска црвена листа се загрижувачки има и добри вести кои покажуваат дека соодветно насочени активности за зачувување на птици може да ги вратат популациите на одредени птици, но и дека добро развиени интервентни земјоделски практики можат да спречат исчезнување на птици од обработливите површини.

„Резултатите од овие истражувања покажуваат дека неуспешно управуваме со нашата земја и вода. Европа треба да го води светот кон зачувување и обновување на природата, но за да се случи тоа ние мораме да ја трансформираме нашата економија. Оваа трансформација мора да започне веднаш, во Декадата на еколошката обнова, како што ја нарекоа Обединетите Нации.„- изјави Мартин Харпер, регионален директор на BirdLife за Европа.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.