Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш, стана петти Македонец на кого му успеал подвигот

Евгениј Поп Ацев вчера успеа да го преплива каналот Ла Манш, со неверојатно време од 9 часа и 43 минути, објави Пливачката асоцијација преку Каналот. Евгениј е троен светски шампион и е примeн во Меѓународната сала на славните во маратонско пливање. Има настапено на 107 светски настани во кариера која траеше од 2007 до 2021 година.

Поп Ацев е петти Македонец што успеал да го преплива Ла Манш. Прв успеал Нико Нестор во 1959 година, следува Атина Бојаџи, 10 години подоцна. Од поново време Ла Манш го има совладано Томи Стефановски во 2009, а една година подоцна – Игор Димовски.

Препливувањето на каналот Ла Манш, кој ги поврзува Франција и Британија, е предизвик за илјадници вљубеници во маратонското пливање. Овој подвиг бара многу подготовки и волја, а не секому му успеало да го преплива каналот што го дели југот на Англија со северот на Франција. Борбата со силните струи и со брановите е за симнување капа.

Фото: Swimming Channel Assocication

Сподели