Ева Нешкоска – најдобар оратор на УКЛО каде денес се одбележува 45 години постоење

Во киното „Манаки“, УКЛО денеска во 12 часот ќе одржи свечена седница по повод 45 години постоење.

Ева Нешкоска, студентка на Педагошки факултет – Битола е најдобриот оратор на натпреварот „УКЛО тривиум“, што го организираше Универзитетско студентско собрание при УКЛО – Битола. Настанот се одржа под боите на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС.  Второто место го освои Антонио Чоневски, студент на втор циклус студии на Педагошкиот факултет, а трето место му припадна на Дарко Трпковски од Правниот факултет. Ораторите говореа на слободна тема и имаа можност да ги искажат своите мислења и ставови по прашања кои ги сметаат за важни за нив и за општеството воопшто.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски посебно се осврна на важноста од познавањето на ораторската умешност и им порача на студентите дека ораторството е битна вештина за да ги изразат своите ставови и да се слушне нивниот глас.
И лидерот на студентите, Борис Гушевски, ги охрабри колегите да учествуваат во сите активности кои Универзитетското студентско собрание ги организира и особено многуте што следуваат, а оваа година ги има многу и се осветлени од боите на Алијансата КОЛОРС.

Жирито во состав: проф. д-р Виолета Јанушева, проф. д-р Билјана Граматкоски од Педагошкиот факултет и м-р Александар Тодоровски од Ректоратот на УКЛО за сите учесници доделија пофалници, а најдобрите се закитија со дипломи и парични награди.

Во рамки на настанот што се одржа во киното „Манаки“, вон. проф. д-р Tатјана Блажевска од Технолошко-техничкиот факултет – Велес одржа предавање на тема „Правилниот начин на исхрана како форма на самопочит“. Настапија и ученици од Државното музичко училиште во Битола.

Во киното „Манаки“, УКЛО денеска во 12 часот ќе одржи свечена седница по повод 45 години постоење.

Сподели