Годишна претплата на „Нетфликс“ и на „Спотифај“, билети за културни настани се наградите што Europe House Скопје ќе ги додели на повеќе следбеници на „Фејсбук“. Право на учество во наградната игра имаат само полнолетни физички лица кои живеат во земјава.
– Се ближиме кон бројката од 5️0.000 следбеници на нашиот фејсбук-профил. Поддршката и интересот што го добиваме од вас нашите поддржувачи на Фејсбук e непроценлива и сакаме да ви се заблагодариме што нè следите. За шанса да победите, сè што треба да направите е да ја посетите нашата фејсбук-страница, да кликнете на копчето „LIKE“, да означите (tag) во полето за коментари една личност со која сакате да гледате серии, да присуствувате на културни настани или да слушате музика заедно – велат од Europe House Скопје.
Во рамките на наградната игра ќе бидат доделени по една годишна претплата на Нетфликс стриминг видеосервис и за Спотифај аудиостриминг и десет билети за културни настани (кино, театар, концерт…). Наградите ќе бидат распределени на петмина добитници што ќе бидат одбрани по случаен избор и објавени на фејсбук-страницата. Добитниците ќе може да си ги подигнат наградите во просториите на Europe House Скопје.